
Отпочнувањето со следење на еден од понудените курсови е доста едноставно. Се што треба да направите е да се регистрирате на сајтот, притоа избирајќи еден или повеќе од понудените курсови содржани во него за кои сте заинтересирани.
По авторизацијата за вашето отпочнување можете да пристапите на материјалите и да отпочнете со нивното следење. На ваше располагање е и алатката форум, која можете да ја користите како за разменување на искуства и ставови помеѓу вас, така и да со нашите експерти.
Времетраењето на секој курс е различно и предвидено само како препорачлива временска рамка во која самите треба да го организирате своето време. На крајот од некои од темите се понудени тестови кои имаат за цел да ви помогнат во одбележување на поважните моменти од разгледаната тема, а не и ваша евалуација.
Забележете дека „Салвео Инт.“ го задржува правото на избор на кандидатите, како и да ја прекине подршката на кандидатот во текот на обуката, со претходно доставено известување на електронската адреса воведена за време на регистрацијата од страна на кандидатот.