|
Инфо: „Салвео“ Бизнис Академија Виртуелната Бизнис академија на „Салвео“ е создадена со цел да им помогне на младите претприемачи од Р. Македонија да го отпочнат и развијат својот бизнис.
Целна група на овој проект се сите жители на републиката, на возраст меѓу 25 до 35 години, кои се заинтересирани за отпочнување со свој бизнис без оглед на стекнатиот степен на образование, а кои имаат потреба од дополнителни знаења пред отпочнување на истиот.
Курсови. За исполнување на целите на овој проект разработени се неколку кратки, но содржајни, курсови. Основниот курс се однесува на приремање на претприемачот да се справи со основните прашања при стартирање со бизнисот, како: - Преценка на потенцијалот на бизнисот (карактеристики на успешен претприемач, разработка чекор по чекор, избор на стратегија, што да се избегне, задолжителни активности, донесување на одлука)
- Разработка на бизнис планот (што е бизнис план, формат на бизнис планот, разработка на успешен бизнис план)
- Комуникација и начини на комуникација
- Организација на бизнисот (избор на партнер, тип на организација, избор на професионалци)
- Обезбедување на дозволи
- Осигурање на бизнисот
- Избор на локација
- Сметководство
- Обезбедување на финансии за бизнисот (колку пари ви се потребни, заеми vs инвестиции, како да ги обезбедиме потребните средства, што потоа?)
- Е-бизнис (што е e-commerce, методи на плаќање, изградба на веб сајт, како до успешен сајт, онлајн маркетинг и промоција)
Посебно внимание /во посебен курс/ е посветено на е-комерцијата, дадени се идеи и методи за отпочнување на конкретен бизнис, а разработени се и алатки за развој на истиот.
|